ВИДЕО: Попот не може да ги надвика Дино Мерлин и „Бијело дугме” во Берово

Од:

Со преполни летни тераси, распослани безмалку на целиот плоштад, без маска и дистанца во Берово се слави Велики петок.

Додека едни, под најстроги правила влегуваат во црквата “Рождество на Пресвета Богородица” во центарот на градот, други, на само неколку чекори, застанати во групи и од по десетмина, сите без маски, со раце во вис, се веселат на хитовите на Дино Мерлин и “Бијело дугме”. Попот, кој пее на разглас, не може да ги надвика екс ју хитовите.

Полиција има, но казни нема. Градот е преполн, а мештаните велат дека се очекуваат уште гости, кои треба да пристигнат утре.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби