(ВИДЕО) Попоски: Прилеп добива нов градски булевар со импозантен лик

Од:

„Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, докажа дека дури и во услови на пандемија со чесен и домаќински пристап може да продолжи реализацијата на сите инфраструктурни проекти.

Најдобра потврда за тоа е силната динамика со која се одвива реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“, капитален проект во вредност од 1 милион евра.

Завршувањето на првата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во градот, веќе донесе современ и европски лик на тој дел од градот“, рече Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

„Импозантни тротоари со нови гранитни плочки и тактилни траки за слепи лица, велосипедски патеки, четири коловозни ленти, ново централно осветлување, нова урбана опрема, е новата слика за градскиот булевар на потегот од кружниот тек „Карпалак“ до поранешната Градска кафеана.

Со забрзано темпо се одвиваат и градежните работи на втората делница од булеварот, односно делот до раскрсницата пред Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде во тек е и замената на старата водоводна мрежа со нова, полиетиленска.

Во рамки на проектот, се врши комплетна реконструкција и на улицата „Прилепски бранители“, до кружниот тек пред Поштата, каде веќе е поставен новиот слој на асфалт и нови гранитни плочки на тротоарите.

Новиот, современ и безбеден градски булевар, ќе биде нова гордост на сегашните и идните генерации на Прилеп. Градиме по план и постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите наши сограѓани“, изјави Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?