(ВИДЕО) Попоски: Нема нови индустриски зони и вработувања во Прилеп

Од:

 
Поминаа речиси 3 мандати на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, но ветената економска преродба на Прилеп се уште ја нема. Ги нема ветените десетици странски инвеститори и илјадниците нови работни места во економската зона кај Алинци, рече Филип Попоски – Портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

Ги нема ветените индустриски зони Прилеп 2 и Прилеп 3? Во 2013 година Марјан Ристески, вети продажба на земјиштето во економската зона Прилеп 2, а изградба на индустриските капацитети до 2017. После толку години празни ветувања, денес од овие зони нема ништо.

Ниту ново изградени индустриски капацитети, ниту нови работни места. На виделина излезе уште едно од низата лажни ветувања на Марјан Ристески. Ги нема ветените нови мостови, го нема ветеното ново училиште во Сточен Пазар, нема нови капацитети и работни погони.

Голготата на избрканите работници од Гентерм, сама по себе кажува за странските инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. За овие 11 години, Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ можеа да ги рехабилитираат како индустриски зони старите објекти на Црн Бор, Современ дом, Билјана, Партизанка, коишто имаа готова патна инфраструктура, струја, вода и канализација.

Повторното отворање на овие објекти ќе чинеше значително помалку од изградба на нови индустриски зони, а Прилеп ќе заличеше на модерен индустриски град каков што беше пред 30 -40 години и ќе ги задржеше младите луѓе да останат и да работат дома.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Само празни лаги, манипулации и криминал. Ништо друго. Затоа, граѓаните на Прилеп веќе ништо не очекуваат од Марјан Ристески освен негово заминување. Младите од Прилеп и сите граѓани, заслужуваат и сакаат да изберат промени за подобар живот.

Затоа со слободни медиуми и чист избирачки список на следните фер и деморкатски избори, промените ќе дојдат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа