(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Од:

На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива – градоначалникот Јовчески и ДПМНЕ велат дека ја има, ама неа сеуште никој не ја видел! Реалноста на која сведочат прилепчани е малку поинаква: во градот владее урбанистички хаос, улиците се валкани, потонати во мрак и изрешетени со дупки како швајцарско сирење. Цели четири години во градот камче не е поместено, вели Филип Попоски од Општинската организација на СДСМ во Прилеп.

– Имајќи го предвид огромниот општински буџет кој за оваа година изнесува 34 милиони евра, прашањето на кое локалната власт на ДПМНЕ никогаш не одговори, е каде и за што се трошат парите на граѓаните? Се распишуваат тендери, се склучуваат договори за реконструкција и асфалтирање на улици, а тие секоја година се се’ полоши и се’ пораскопани. Ако е така, а така е, локалната власт е должна да каже каде завршуваат општинските пари? На пример, минатата година Општина Прилеп со скопската фирма УРБАН ПАВЕР склучила договор за одржување, крпење дупки, изградба на тротоари, патишта и улици во вредност од 10 милиони денари.
Ниту улици се асфалтираа, ниту тротоари се направија, а парите се потрошија.

За тековната 2025 година нов договор за јавна набавка помеѓу старите партнери – Општина Прилеп и УРБАН ПАВЕР. За разлика од претходниот, овој договор има два дела: првиот за реконструкција, рехабилитација на улици и општински патишта, “тежок“ 34 милиони денари; вториот за одржување ударни дупки, прокопи, тампонирање и други работи на улици и општински патишта, во вредност од 10 милиони денари.

Или севкупна вредност на договорот – фантастични 44 милиони денари! Она што боди очи, е дека рокот на изведба на работите е 6 месеци, што значи точно до почетокот на локалните избори. Премногу провидно и наивно, но кога е во прашање ДПМНЕ – веќе видено. Дека се лови во матно и дека под изговор на “крпење“ дупки некој “крпи“ стотици илјади евра, покажува и еден друг податок: за еден тон асфалт Општина Охрид плаќа 3.800 денари, Тетово 6.500, Кавадарци 4.650, а Прилеп дури 16.000 денари! Постојат мал милион причини заради кои објавеното винителство треба да го прочешла финансиското работење и на Општина Прилеп, но и на општинските јавни претпријатија. Господа од ДПМНЕ, доста ги полневте џебовите – пополнете ги дупките по улиците, тврди Попоски.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата