ВИДЕО: Поплавите во јануари предизвикаа вкупна штета од 95.600.555,00 денари

Од:

Комисијата за проценка и утврдување на  висинатана штетата настаната од природни непогоди и други несреќи формирана од советот на општина Струмица, согласно законските обврски подготви извештај за процена на штетите од поплавите кои го зафатија подрачјето на општина Струмица на 24 и 30 јануари 2015 година.

Ацо Ѓоргиев, претседател на општинската комисија за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи, денеска, информираше дека поплавите во јануари годинава на територијата на општина Струмица предизвикаа вкупна штета од 95.600.555,00 денари.

-До комисијата има доставено вкупно 515  барања за проценка на штети од кои најголем дел се населеното место Муртино и тоа 270  барања, од кои 253 за проценка на штети на поплавени земјоделски површини и 17 барања за поплавени куќи и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите од  38.835.372,00 денари.

Од населеното место Сачево има доставено вкупно 94 барања од кои 88 барања за поплавени земјоделски површини и 6 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите  од 11.630.684,00 денари.
Од населеното место Просениково има доставено вкупно 73 барања од кои 49  за поплавени змјоделски површини и 24 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите  од 5.046.605,00 денари.

Од населеното место Дабиле има доставено вкупно 46 барања од кои 28 за поплавени земјоделски површини и 18 барања за поплавени домаќинства и помошни простории со вкупна проценета вредност на штетите  од 2.601.398,00 денари.
Од останатите населени места на територијата на општина Струмица има вкупно поднесено 12 барања со вкупна проценета вредност на штетите од  678.454,00 денари.

До комисијата има поднесено и 6 барања од правни субјекти чии штети се проценети на вкупно 4.334.200,00 денари.

Согласно единствената методологија за проценка на штетите извршена е проценка и на оштетените инфраструктурни објекти кои се во надлежност на општина Струмица  како мостови, улици, канали и друго во износ од 30.456.506,00 денари.

Вкупната вредност на штетата  настаната од поплавата на 24 и 30 јануари 2015 година на територијата на општина Струмица е проценета на 95.600.555,00 денари.

Овој извештај, согласно законските обврски, комисијата за проценка на штетите го достави  до  советот на општина Струмица на разгледување и усвојување, со што е запазен законскиот временски рок предвиден за изработка на извештајот, рече Ѓоргиев.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени