ВИДЕО: Поминаа три години, нема ништо од ветената инвестиција во „Дрисла“

Од:

Поминаа повеќе од 3 години, откако Градоначалникот Коце Трајановски од ВМРО ДПМНЕ, го избраа Италијанскиот ФЦЛ АМБИЕНТЕ да стопанисува со депонијата ДРИСЛА.

Изминатото време ги потврди сите сомнежи и критики кои ги упативме како Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со кооалицијата, дека избраниот концесионер не ќе може да ги исполни обврските, превземени со договорот.

Инаку, концесискиот договор до ден денеска не е презентиран на јавноста. Компензно беа најавувани силни инвестиции и вложувања од 73 милиони евра, од кои вложувања, ден денеска не можеме да видиме ништо, рече Ѓорѓе Матевски, советник во Советот на Град Скопје.

Освен партнерното уредување и простапните патишта инвеститорот ФЦЛ АМБИЕНТЕ ги проби роковите за изградба на фабрика за прочистување на води, постојка за црпење, собирање на депониски гас за топлинска енергија.

Се уште нема ништо од изградба од постројката за третман на градежен отпад.

Се уште нема ништо од изградба на постројката од медицински отпад, напротив, медицинскиот отпад сеуште се согорува спротивно на стандардите на Европската Унија, со енормно загадување кое е потврдени со 12-те извршени мерења во текот на годината.

Помпензно беше најавувано дека новиот инвеститор ќе вложи и ќе донесе конкретно нова механизација. Напротив, извештајот за 2015 година, кои ќе биде разгледуван на денешната седница, потврдува дека ФЦЛ АМБИЕНТЕ и ДРИСЛА, се уште користат стара механизација со време од 1992 година до 2011 година.

Нема никакви објективни оправдувања за доцнењето со инвестициите кое трае повеќе од 3 години.

Јавно го прашуваме градоначалникот Коце Трајановски, зошто се доцни со ветените помпензно најавувани инвестиции и дали како градоначалник на Градот Скопје, поради пробивање на роковите во изминување на 2016 година, ќе покрене постапка на заштита на интересите на Градот со барање на раскинување на договорот и за исполнување на обврските од страна на инвеститорот, рече Матевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз