ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Од:

Од функција на функција. Вака обвинителот Фаик Арслани си ја замислува својата кариера според неговото постапување. Неговата противкандидатка е скептик дека ќе биде избрана, а тој молчи дали кандидатурата за шеф на Вишото обвинителство во Гостивар значи и дека е сигурен во победата. За шефовското место ќе треба да се бира помеѓу него и обвинителките Деса Пауновска и Душица Димитриевска.

Арслани се кандидира во време кога досегашниот шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, Ислам Абази, е избран за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Арслани, плански поднесе оставка од Советот на јавни обвинители за да нема законски пречки да добие шефовско место, а истата му беше прифатена четири дена откако Абази доби нова функција во ОЈО-ГОКК.

Во оставката на Арслани стои дека е од етички аспект. Ја поднел на 20. октомври, а пријава за шеф на ВЈО-Гостивар доставил веќе следниот ден на 21. ноември. Оставката стои во фиоката на Советот на јавни обвинители цели три недели. На 11 ноември, таа се става на гласање и му се изгласува престанок на мандатот.

„А1он“ го контактираше Арслани со прашања дали тој има предност пред другите кандидати бидејќи ќе го бираат членови Советот на јавни обвинители, во кој беше и тој до пред две недели. Нема одговор. Иако веќе однапред се шпекулира дека тој ќе шефува во Вишото обвинителство-Гостивар, тој не одговара ниту дали влезот во трката значи дека е сигурен дека ќе биде избран.

Неговата против кандидатка, Деса Пауновска, која беше кандидат и за шеф на ОЈО-ГОКК, во дебатата на „А1он“ беше прашана дали претендира да биде шефица на ВЈО-Гостивар, ако Ислам Абази ја добие новата функција, како што сега е случај. Таа беше скептик, но рече дека би сакала.

„Тие места од подрачјето каде јас доаѓам, таму Бадентер е потребен за било кое место. Би сакала да бидам на тоа место, ама не знам, го немам тој политички… Повторно доаѓаме до политиката“, рече Деса Пауновска.

Досега, двапати се одложи изборот на шеф на Вишото обвинителство во Гостивар, исто како и за Вишото обвинителство во Скопје. И двете обвинителства имаат вршители на должност. Во Гостивар, тоа е Вјолца Омази.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски