ВИДЕО: Полициска акција во Ласкарци, лицата кои МВР ги гони избегаа

Од:

Утрово полицијата во скопската општина Сарај, близу селото Ласкарци, спроведе акција при која заплени возило „ланд ровер“, но лицата по кои трагала успеале да избегаат. Жителите кои живеат во близина на складиштето каде што беше оставено возилото велат дека чуле сирени и виделе засилено полициско присуство.

МВР не открива детали за истрагата. Возилото „ланд ровер“ беше оставено на 300 метри од селото Ласкарци, под автопатот Скопје-Тетово и истото беше вклучено. Полициските службеници разговораа со повеќе лица кои беа затекнати во близина, како и лицата вработени во складиштето.

Жителите на селото беа затекнати и исплашени, не знаејќи повеќе детали. Министерството за внатрешни работи не кажува по кого трага и за што е истрагата, но истата ќе продолжи во наредните денови.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски