ВИДЕО: Полицијата синоќа запрела 248 возачи под дејство на алкохол

Од:

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Вкупно се контролирани 1234 возачи. 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи,, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ