(ВИДЕО) Полицијата потврди: Mакедонецот убиен поради секс со малолетникот – го убил уште во саботата, го ограбил па си купувал гардероба

Од:

Полицијата и Обвинителството во Бургас потврдија дека педофилија е причина за убиството на 50 годишниот Македонец Игор Н. во Сончев брег, но малолетникот може да одговара и за убиство со цел стекнување имотна корист – бидејќи откако го убил и го ограбил Македонецот, му зел 1800 лева и си купувал гардероба.

Малолетникот имал криминално досие и претходно и според медиумите и минатата есен претепал со дрвен колец украински државјанин и му го украл златниот накит.

Комесарот Калојан Калојанов и обвинителот Иван Кирков ги споделија деталите за тешкото кривично дело извршено во одморалиштето од страна на 14-годишниот Михаил.

На новинарите им појаснија дека двајцата имале договорено дента да имаат сексуални односи, а претходно не се познавале. Полицијата се сомнева дека убиството било извршено пред неколку дена, односно минатата сабота, бидејќи во вторникот наутро внук на сега убиениот Македонец го пријавил за исчезнат и кажал дека го нема од саботата.

Тие двајцата заедно биле дојдени за сезонска работа во текот на летната сезона.

Денеска започнала поопсежна потрага и полицијата испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камери, и на снимките виделе дека Игор се движи со малолетно лице за кое подоцна утрдиле дека станува збор за 14-годишниот Михаил Н. Го пронашле и одвеле на распит во РУ-Несебар. Додека траел разговорот со него добиле порака за пронајдено мртво тело за кое се утврдило дека е на исчезнатиот Игор.

„Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден. Тогаш се сретнале за да имаат договорен сексуален однос. Заминале во шумичката во областа „Бчвата“. Но според кажувањата Мишо се предомислил и се отргнал, но 50 годишниот Игор се налутил и го повлекол, во тој момент малолетникот зел дрвен колец и почнал да го удира по главата 50-годишниот Македонец. Го убил со неколку удари. Откако го убил му ги зел парите што ги имал кај него –  1800 лева. Со нив отплатил залог кој го имал во заложна куќа во Сончев брег, но си купувал и гардероба, објасни директорот на ОДМВР-Бургас.

Недостасува телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.

Михаил има криминално досие, но има и други претходни пресуди – за разбојништво и кражба. Не е познато дека посетува училиште. Потекнува од семејство со низок социјален статус.

Според информациите на Flagman.bg, и есента минатата година тој истепал, повторно со дрвен колец, украински државјанин и му го украл златниот накит.

Обвинителот Иван Кирков објасни дека апсењето е по обвинение од чл. 115. Поради неговата возраст, максималната казна што може да ја добие е до 5 години затвор. Доколку, пак, обвинението се преквалификува – убиство со корисна цел, казната може да биде поголема, рече обвинителот Кирков.

Македонскиот државјанин Игор пристигнал на Сончев Брег два дена пред убиството. Работел кај бугарски бизнисмен – во летната сезона, а во зима – во Банско.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

18-годишник двапати се степал во иста вечер, извадил и пиштол

Катерина Ѓуровски

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

ВИДЕО: Три тинејџерки претепале 11-годишно девојче, снимка од тепачката објавиле на социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Го нападнал и сечел со мачета, српски полицаец во критична состојба

Уругвајци тешко повредени откако излетале со мотор во кривипаланечко