ВИДЕО: Полицијата не дозволува граѓани да пријдат кон Јавното обвинителство

Од:

Полицијата направи кордони на кејот од страната на Јавното обвинителство и не дозволува демонстрантите да се доближат до зградата на Обвинителство.

Во моментов едни спроти други стојат демонстрантите и кордонот на специјална полиција, која ги спречува да пријдат. Намерата на граѓаните е да пријават дека им е попреќено правото на слободно движење и правото на протест.

Атмосферата е напната, демонстрантите извикуваат „Готово е Никола!“.

Тие ги убедуваат полицајците дека немаат право да го попречат нивното слободно движење.

Демонстрантите кои не сакаа да влезат во конфликт со полицијата продолжија кон Собрание за да таму го изразат својот револт.

На колоната демонстранти им се придружуваат и други граѓани, протестот станува се’ помасовен, се собраа неколку илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите