ВИДЕО: Полицијата и затвореник се пресметуваа на покривот на штипскиот затвор

Од:

Тепачка со камења и ќерамиди меѓу избеган затвореник и полицијата на покривот на штипскиот затвор.

Осуденик од штипскиот затвор два часа дивееше на покривот од штипскиот затвор. Фрлаше ќерамиди од кровот веднаш зад управната зграда. Засега нема ниту една официјална потврда за неговиот идентитет, а полицијата кога го фати почна да го мава со нозе и раце по телото.

Неофицијално станува зброр за осуденик од Кочани, осуден на повеќегодишна затворска казна за тешки кривични дела, кој наводно имал психички проблеми. Од Управата за извршување на санкции не се достапни за коментар, а директорот на штипскиот затвор рече дека е на состанок и ја спушти слушалката. Неофицијално делот каде беше качен затвореникот е дел од отвореното одделение и амбулантата.

Како се качил осуденикот таму никој не открива. Нема информации и дали има повредени полицајци со оглед на тоа дека еден од нив падна од скалата при обидот да го симнат осуденикот. Според она што осуденикот неповрзано го извикуваше на кровот, може да се извлече заклучок дека е револтиран поради тоа што бил ставен во самица десетина денови. Извори од затворот велат дека причината била тоа што не го пуштале на викенд.

Погледнете ја целата драма од почеток до крај на видеото.

Би можело да ве интересира

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он

Пронајдена дрога при претрес во прилепско: Затвореници развиле бизнис со препродавање наркотици

А1он

Спречено филмско бегство од затворот во Риека

Најбараниот криминалец во Еквадор исчезна од затвор

После 20 години зад решетки, жена е прогласена за невина за смртта на нејзините деца