ВИДЕО: Полиција го легитимира Максим Димитриевски, стопиран сообраќајот на Лесковачка во Куманово

Од:

Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски со вклучување во живо на „Фејсбук“ се пожали дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.

Градоначалникот се жали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела. Ги задржала петнаесетина минути во кои бил блокиран сообраќајот на улицата Лесковачка.

„Објавувам вака јавно да видат сите како работи полицијата на мојот другар Оливер Спасовски. Не држат без објаснување, не ни кажуваат зошто не сопреле. Тргнав кај мојот матичен лекар. На улицата заглавен стои и автобус, сообраќајот е стопиран. Сакам да порачам дека вакви притисоци нема да успеат“, вели во обраќањето во живо градоначалникот Димитриевски.

Тој објаснува дека му било побарано полномошно за управување со возилото на Дејан Димитриевски, документ кој тврди дека го имале со себе.
Кусо по првото вклучување во живо, Димитриевски се вклучи и вторпат со објаснување дека полицијата ги испратила на технички преглед иако се возеле во ново возило, што им било познато на полицајците.

Димитриевски следењето од полицијата и испраќањето на технички предмет среде кампања ги разбира како притисок. Во првиот круг на изборите тој, како независен кандидат, освои 22 гласа повеќе од кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Димитриевски: Невиден преседан е одлуката за куќниот притвор на поранешниот вицепремиер Груби

Горан Наумовски