ВИДЕО: Полицаец фатен за врат при апсење на „Партизанска“

Од:

Полицајци физички нападнати додека апселе неколку лица пред пекарата „Силбо“ на булеварот „Партизански одреди“. Од видеата кои се јавно споделени најпрво се слуша вербална расправија, која потоа, прераснува и во физичка пресметка. Настанот се случил пред два дена, на два часа по полноќ, откако службеници се обиделе да легитимираат момче без заштитна маска, а тоа кажало дека не поседува лична карта во него.

Пред едно од лицата да го фати полицаецот за врат, држејќи го за униформата и туркајќи го, му вели: „Ајде бе удриме, ајде“, а истовремено, лицето кое снима сугерира: „Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди ова во дисциплинска, сите ќе…“. Откако едно од лицата употребува сила, а полицаецот возвраќа за да се одбрани, другите се нафрлуваат и викаат: „Не го тепај, не го мавај бе ало“. Тука, лицето кое снима вели: „Удри го, удри го, ќе бегаме“.

Откако на интервенцијата и се приклучуваат и други полицајци, лицата се уапсени, но дури и тогаш даваат отпор на службениците.

„Жими се, ќе го јадат џандарите, веруј ми“, вели лицето кое ги снима полицајците, а уапсените, гласно им се дерат на службениците: „Ајде бе ајде, мангуп еден, во полиција ако работиш“.

Од МВР велат дека лицата биле однесени во станица. Против нив ќе биде поднесена и соодветна пријава.

„Лицата веднаш се лишени од слобода и спроведени во ПС Центар, каде им бил утврден идентитетот. Лицето што не носело маска и агресивно се однесувало е А.Т. (20) од Скопје, а лицето што физички нападнало полициски службеник е И.М. (22) исто така од Скопје.  За целиот настан е изготвен соодветен службен материјал. Секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните, ќе се соочи со законот“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки и однесување нема да се толерираат.

Би можело да ве интересира

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески