ВИДЕО: Поголема соработка на земјите за поефикасно справување со безбедносните ризици

Од:

Во справувањето со современите безбедносни предизвици потребна е постојана и координирана соработка меѓу државите која претставува чекор напред и начин повеќе да останеме сплотени во заедничката борба против криминалот. На крајот на денот приоритетите се менуваат, исто така и предизвиците, но целта на меѓусебната соработка била и секогаш ќе биде стабилноста на нашите земји и сигурноста на нашите граѓани.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците од Годишниот состанок на комисиите за одбрана и безбедност на парламнетите на земјите од ЈИЕ.

Главните безбедносни предизвици со кои се соочуваат земјите на ЈИЕ, нагласи се тероризмот, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, производството, трговија и дистрибуција на дрога, трговија со оружје, економски крминал корупција и компјутерски криминал. РМ, посочи во констелација на безбедносната состојба во регионот и пошироко посебен акцент дава на борбата против тероризмот како моментална асиметрична закана која е високо на агендата на службите што го спроведуваат законот.

– Имајќи ја предвид поврзаноста на тероризмот со насилниот екстремизам, односно верската хетерогеност на наслението во РМ сосема јасно може да се препознае опасноста од етнички мотивиран насилен екстремизам што води кон тероризам. Исто така, информатичко-комуникациските технологии, особено социјалните мрежи, форуми, сајтови претставуваат значајна поддршка на тероризмот и насилниот екстремизам. Во овој период не се идентифкувани безбедносни индикатори што претставуваат можна дестабилизација на безбедбносната состојба во Македонија преку криминално-терористички групи и учество на македонски државјани во исламистички паравоени формации, рече Спасовски.

Во однос на криумчарењето мигранти како криминална активност, Спасовски посочи дека таа е и натаму актуелна, а интензитетот на криумчаерењето се менува во зависност од политичките одлуки и преземените мерки во земјите во регионот и во ЕУ. Во 2017 година во РМ динамиката на транзитирање и шверц на мигранти е со опаѓачки интензитет како резултат на зајакнати контроли и користење на алтернативни рути, како и на политиките што ги води ЕУ и Турција.

На панелот насловен „Современите безбедносни ризици“ се обрати и потпретседателот на македонското Собрание Фросина Ташевска Ременски која, исто така, истакна дека од безбедносен аспект новите современи текови, миграцијата носи потреба од зголемена соработка на земјите на ЕУ со земјите од Балканот.

– За Република Македонија, од исклучителна важност е интегрирањето во ЕУ и НАТО за да можеме да бидеме дел од глобалните процеси на заштита на националната безбедност и гарантори на регионалната безбедност, да бидеме рани детектори и попречувачи на субверзивните делувања на странски разузнавачки служби кои немаат интереси регионот да биде интегриран во ЕУ и НАТО. Да најдеме модалитети како да се справиме со информациско-пропагандистичкото делување како метод на делување на разузнавачките служби што не прави многу поранливи и понеподготвени да препознаеме лажна вест која може да генерира политика која нема да соодветствува на реалноста и секако не помалку важно, изворите на финансирањето на екстремистичките групи, рече Ременски.

Според Џефри Голдстајн шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во однос на миграцијата рече дека ОБСЕ работи на координирање на контакт центрите на земјите од регионот со цел решавање на проблемите во реално време. За таа цел, согласно нивниот план за работа за 2019 и 20120 година тој се надева дека ќе можат да помогнат да се создаде заеднички центар за контакти на границата помеѓу Македонија и Грција.

– Миграцијата секако е еден од главните предизвици во регионот. Денес бројките што ги даваат нашите домаќини покажуваат мал, но не и незначителен пораст на бегалци, и појава на нови рути преку кои мигрантите сакаат да пристигнат посеверно во ЕУ. Тоа се рути кои што ја заобиколуваат државата, одат во БиХ горе кон ЕУ. За ова е потребен еден координиран одговор. Денес нашата Мисија работи со многу чинители со државата за да и помогне да воспотави еден систем во кој ќе бидат зацртани улогите на сите агенции и субјекти во случај да се јави повторни еден таков бран на мигранти како пред две години, рече Голдстајн.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он