(ВИДЕО) Погодените од поплавите: Најпотребно е да се обноват куќите

Од:

Петти ден од поплавата, а не се гледа крајот на хаосот. Во сите поплавени подрачја има премногу кал што го донесе водата, а нема доволно луѓе за негово исфрлање од дворовите. Работите одат споро и покрај активностите на волонтерите и ангажирањето на институциите.

Многу домови се уште се закопани во кал која се исфла со денови. Многу од луѓето сами со свои роднини ги чистат куќите. Во полињата останаа големи наноси кал од каде се шири неподнослива реа. Може да се забележат и мрши на животни кои се удавиле во поплавата.

Од поплавените подрачја апелираат дека најнеопходно е да се утврди штетата и да се обноват домовите. Поголем дел од објектите што беа зафатени од водата повеќе не се функционални, уништен е целиот мебел кој се ифрла, собите останаа празни.

-Вода и храна сега имаме, но ќе се снаоѓаме и кога нема. Проблемот е каде ние ќе живееме сега? Во овие куќи нема живот. Државата мора што побрзо да помогне да се обноват куќите, да ни даде пари да се обноват куќите и да се купи тоа што е уништено, велат тие.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

Мексико: Поплавите уништија 100.000 домови, десетици се мртви, постои страв од уште една катастрофа