Кандидатот за градоначалник на општина Виница од Сојузот за иднината, Венцо Вуинов и пратеникот Горан Мисовски заедно со кандидатите за советници, прикажаа уште едно од нерализираните дела на актуелниот градоначалник Емил Дончев.
Ова е уште едно од виртуелните и лажни проекти на ВМРО-ДПМНЕ за Виница. Актуелниот градоначалник Емил Дончев на ова место бомбастично најави изградба на забавно рекреативен парк со надвозник. Измина неговиот мандат а овде останаа само раскопани и расфрлани делови и едно куќиче каде што кучињата скитници си најдоа прибежиште, рече Вуинов.
Со лажни и виртуелни проекти градоначалник не се бидува, вели тој, а ако во 2009 година успеа со лаги и манипулации да стане градоначалник, не смеат виничани да дозволат да се случи и на овие локални избори.
Јас како градоначалник, ова место ќе го уредам во пријатно катче каде што нашите граѓани ќе го поминуваат своето слободно време. Проектот што јас им го нудам на виничани не е виртуелен и лажен туку е реален,остварлив и ќе биде изграден со средства од општината, додаде тој.