(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Од:

Пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје вечерва се одржува сенароден собир против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, во организација на Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).

Собирот е во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.

Пред граѓаните се обрати поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Во својот говор тој рече „денеска да му кажеме да на животот и на семејството оформено од еден маж и една жена. Собрани сме дека црквата не протестира против некоја личност и не отфрла никого“.

– Не треба да веруваме во подобар свет ако во него нема места за Христа – рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Поглаварот на МПЦ рече дека секуларно општество не значи и безбожно општество. Нагласи дека се свесни за намерите на организации и движења што некои од нив навлегоа и во државните институции и пишуваат закони.

– Сакаат да ја секуларизираат црквата. Самата црква е мајка која во болка ги раѓа своите чеда. Го разбираме стравот на родителите од неизвесната судбина на своите деца – рече поглаварот Стефан.

Тој рече дека жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени. Праша „до кога нашите деца ќе учат од учебници кои се диктираат од туѓи држави и туѓи центри.

– Жената мајка ја дава надешта на светот а тоа е љубовта. Жената е икона на љубовта и да не дозволиме мајчинството да биде осквернато со ничии новонастанати поими. Велат дека ќе ја ослободат жената од црквата а ја изедначуваат со мажи кои сакаат да бидат жени во вистинска смисла на зборот и му даваат легитимитет врз насилството кон жената. Жените во Македонија во црквата ја живеат својата слобода. Црквата е полна со смели и исполнети жени и во црквата гледаат засолниште – рече г.г. Стефан.

Нагласи дека апелира да престане сексуализација на нашите најмлади и унакажување на детството на децата. Праша „до кога нашите деца ќе учат од учебници кои се диктираат од туѓи држави и туѓи центри“.

– Сега сме дојдени во состојба да се бориме за правото на својата вера. Знаеме многу добро чиј слуги сме и кој е нашиот Господ. Робови на луѓе нема да станеме не тогаш кога се подготвува пат за нови вери и богови – рече поглаварот на МПЦ.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата