ВИДЕО: Почнаа отворените денови за универзитетите за презентација на студиските програми пред средношколците

Од:

Од денеска средните училишта на Град Скопје ги отвораат вратите за универзитетите за презентација и промоција на нивните студиски програми пред средношколците. Преку проектот „Училиштата на Град Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, кој градот го почна минатата година, универзитетите ќе им овозможат на идните студенти поблиску да се запознаат со можностите за професионален развој. На почетокот на отворените денови во СУГС „Орце Николов“ денеска присуствуваше градоначалникот Шилегов.

– Градот Скопје и годинава организира отворени денови за универзитетите да ги претстават своите студиски програми во средните училишта во нашиот град. Поучени од минатогодишните позитивни искуства, оваа година ја подобруваме програмата и овозможуваме во секое училиште во текот на два дена секој од универзитетите од Македонија да ја презентира својата студиска програма. Во првиот ден ќе презентираат техничките факултети, а во вториот ден факултетите од областа на општествените науки. Нашата цел е средношколците – идни студенти што подобро и навреме да се запознаат со студиските програми на универзитетите за да го направат вистинскиот избор за упис во претстојната студиска година. Градот Скопје посветува сериозно внимание на средношколците и сериозно инвестира во инфраструктурата во средните училишта. Ќе правиме се што е во нашите можности да ги подобриме условите во кои учат средношколците и навреме ќе ги информираме за да го направат вистинскиот избор за студирање – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Во рамките на отворените денови учениците ќе имаат можност непосредно и подетално да добијат информации за студиите за кои се интересираат, да добијат одговори за сите нивни прашања и дилеми и да направат вистински избор при донесувањето на одлуките.

За организација на отворените денови и полесна комуникација меѓу средните училишта и универзитетите се задолжени стручни лица во Секторот за образование на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен