ВИДЕО: Почна судењето на насилниците кои тепаа пратеници

Од:

Започна судењето за деветмина обвинети насилници, кои на 27. април тепаа пратеници и новинари во Собранието. Меѓу обвинетите во судница се и Димче Христовски познат како „Жабата“ и Ангеле Зафировски познат како „Бате Геле“.

Обвинетите се сомничат за кривично дело „учество во толпа“. Двајца од нив ќе бидат донесени од притвор, а двајца од домашен притвор.

Предметот го води судијката Милка Ангеловска Васовска, која го има водено судењето за екс премиерот Владо Бучковски, за „Бугарските определби на семејството на Силвана Бонева“.

Како сведоци во Судот се појавија и луѓето од обезбедувањето на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, кое тој го доби како поранешен министер за внатрешни работи.

При нивното влегување во судницата, демонстрантите извикуваа „Каде ти е сега пиштолот“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието