ВИДЕО: Почна да се гради првиот Дино парк во Скопје

Од:

Во скопската Зоолошка градина денеска почна да се гради првиот Дино парк – тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни.

Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

– Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи – патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен