ВИДЕО: По вчерашниот купувачки поход низ маркетите, рафтовите денеска повторно се полни

Од:

По вчерашното панично пазарување на граѓаните низ маркетите, денеска рафтовите повторно се полни. Скопјани по вчерашниот прв потврден случај на коронавирус, денешниот ден го поминуваат сосема нормално.

Нема празни рафтови и испаничени купувачи, фреквенцијата на луѓе низ маркетите е вообичаена како во секој друг ден.

На рафтовите единствено може да се забележи дека скопјани најмногу пазареле средства за чистење и дезинфекција, поевтини сапуни за раце и поевтино масло за готвење.

Хируршки маски може да се најдат во некои од аптеките, но максималниот број кој еден човек може да го купи е пет маски. Една таква маска чини 15 денари.

Во некои од аптеките не може да се најдат хируршки маски, но аптекарите велат дека тоа е поради дистрибутерите кои во изминатиот период не увезувале вакви маски.

Низ скопските улици едвај може да се види некој кој носи било каква маска на лицето.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош