ВИДЕО: По повод годишнината на Охридскиот договор, БЕСА ја организира акцијата „Сочувство“

Од:

„Денеска со жалење ја добивме жалната вест дека е пукано до смрт кон Охридскиот договор, а на пат кон болница тој починал. Всушност, насилството кон него траело систематски од 2001 год., но денеска лекарите конечно ја потврдија неговата смрт. Иако своите родители мислеле дека неговата зрелост ќе се постигне во 2004-та година, тој и 11 години подоцна не само што остана нереализиран, туку и парализиран“, велат од Движењето БЕСА.

„Кога се роди, тој беше смислен да биде рамка за меѓуетничката кохезија и меѓуетничкото помирување, но со тек на време тој стана средство за вработување на партиски активисти кои потоа служеа како гласоберачи и ништо повеќе. Сето тоа го уништи неговото здравје и целосно го парализира и го донесе во состојба на клиничка смрт.

Затоа денеска – кога требаше да се одбележи неговиот 14-ти роденден – ние со длабока жалост ја информираме јавноста дека тој веќе е мртов како последица од убиството предизвикана од неколку политичари од земјата. Лицата кои се осомничени за делото „убиство во обид“ се со иницијали А.А. и М.Т., но во интерес на истрагата нивните имиња не се соопштуваат. Сепак ти се познати за полицијата, особено за Началникот, како лица со длабоко криминално досие и по нив е распишана потерница. Набрзо се очекува нивно приведување и казнување пред судот на народот. Покренати се сомненија и за нарачателот на убиството. Тој се мисли дека е лицето со иницијали Н.Г., исто така познат за органите на прислушувањето со тешко криминално досие.

Како и да е, имајќи почит кон меѓународните пријатели кои помогнаа при неговото раѓање, ние младите од Движењето БЕСА – според албанската традиција – ја отвораме нашата одаја за пречек на сите кои сакаат да дојдат на сочувство и заедно со нас да ја поделат болката од оваа убиство. Нека му биде лесна земјата“, соопштуваат од БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата