ВИДЕО: По 58 години нови подови во О.У „Димитар Миладинов“ во Центар

Од:

Линолеумските плочки во О.У „Димитар Миладинов“ се стари 58 години. 58 години децата дишеле нечистотија и прашина.

Општина Центар, со УСАИД го започна обновувањето на подовите во ОУ „Димитар Миладинов“. Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски заедно со раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Небојша Мојсоски беа на започнувањето на градежните активности за промена на подовите во О.У „Димитар Миладинов“.

Имплементацијата на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието во ова училиште ќе се состои во промена на подови во 21 училница.

За реализицаија ќе се потрошат еден милион и 300 илјади денари. На 15. август треба да финишира работата за да можат 700 ученици веќе од Септември оваа година ќе имаат здрава и пријатна работна средина за стекнување на нови знаења.

„Денеска почнуваме со проектот токму во ОУ „Димитар Миладиов“. Ќе се реновираат 11 училишта кои се предвидени за 2013 година. Средствата ги обезбеди УСАИД од Американската војска. Имаме чест што токму во ова училиште можеме да ги почнеме активностите со промена на подовите во 21 училница.

– Вредноста на проектот е милион и триста илјада денари. Проектот трае до 2015. година. Секоја година реновираме по 10 до 12 училишта, со главната цел, подобрување на меѓуетничката интеграција во сите урбани средини“, рече Небојша Мојсоски.

„Подовите се стари 58 години, со ова се покажува значењето на овој проект.Се заблагодарувам за одличниот проект на УСАИД. Општина Центар, како што и ветивме ќе работи за да се обезбедат подобри услови за учење. 21 училница е сериозен проект.

– Ќе продолжиме да работиме во училиштата и градинките. Се надеваме дека нашата соработка со УСАИД ќе продолжи и ќе добие на интензитет“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Маја Ангелова, директорката на Основното училиште „Димитар Миладинов“, рече дека ова има големо значење за децата, родителите и наставниците.

„Ова ќе значи дека ќе има подобри услови. Дечињата нема да имаат здравствени проблеми, затоа што 60 години стари подови го нарушуваше нивното здравје“, рече Ангелова.

Скоро 700 ученици веќе од Септември оваа година ќе имаат здрава и пријатна работна средина за стекнување на нови знаења.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски