(ВИДЕО) Пленумци: Се јавивме кај Јанко малку да го зезаме

Од:

„Не ми се допаѓа тоа што сега нема слобода“ – објаснува една наставничка во пензија која претпладнево дојде на Филозофскиот факултет да им донесе храна и хигиенски производи на студентите.

– Јас работев во едно време кога имавме слобода, а сега имаат администрација, слобода никаква, вели оваа граѓанка.

Студентите велат дека имало многу граѓани што сакале да им помогнат.

Откако студентите ја преспаа првата ноќ во предавалните на Филолошки и Филозофски факултет, официјалната настава ја заменуваат со алтернативни предавања на професорите што ги поддржуваат. “Не е се’ само журка, има и учење“. Утрото им почна со вежби за раздвижување, кои им ги покажа професорката Невзати Кренаре. Попледнево имаат и час по јога.

Во аулата на факултетите се поставени пунктови за храна, од која голем дел, ја донирале граѓаните, има овошје, сокови, разни видови храна. „Многу луѓе дојдоа да донираат храна“, велат студентите. Тие вчера се јавија во емисијата „Јади бурек“, снимката од јавувањето ги „запали“ социјалните мрежи.

– Вчера сакавме да гледаме нешто на телевизија и видовме дека Јанко има емисија, па си рековме – ајде да го зезаме малку, вели студентка.

Неколку предавални се прилагодени за спиење така што клупите и столчињата се тргнати на страна, а на подот се послани душеци и вреќи за спиење.

Предавањата на Филозофскиот и Филолошкиот факултет не се одржуваат, а делумно се одржуваат на Правниот и на Економскиот факултет. „Професорите ако сакаат нека држат предавања, наше е да влеземе и да ги прекинеме“ е ставот на Пленумци.

– Не ние планот само да се забавуваме, туку нешто и да научиме, велат студентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар