(ВИДЕО) Питела: Подготвен сум лично да посредувам во спорот за името со Грција

Од:

Џани Питела, претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во Европскиот парламент, по денешната средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека договорот од Пржино е единествен излез од кризата и го повика премиерот да ги затвори отворените прашања како што е прашањето за избор на министри и заменици министри предложени од опозицијата.

Тој рече дека е подготвен лично да се вклучи како медијатор во спорот за името со Грција и да разговара со грчкиот премир, Алексис Ципрас, за можно решение.

– Разочарани сме од тоа што не се испочитуван рокот за избор на министри и апелираме Македонија да го имплементира договорот ургентно и конструктивно. Го повикуваме премиерот да ги финализира преговорите со решение за отворените прашања и да ги реализира потребните реформи кои би довеле до спроведување на фер и демократски избори, признаени од домашанта и меѓународната јавност, како и да се елиминираат можностите за изборни прекршувања. Владата и премиерот се посебно одговорни во услови на политичка криза. Треба итно да реагираат – изјави Питела.
Имплементацијата на договорот, рече тој, е суштинска за меѓуетничките односи и стабилноста на земјата.

– Очекуваме специјалниот јавен обвинител да му бидат дадени сите ресурси за да се истражат наводите од прислушуваните разговори. Треба да се демонстрира посветеност и да се имплементира договорот. Веруваме дека неговата имплементација е најдоброто решение. Ги повивкуваме сите партии да ги стават интересите на државата на прво место и да ја потврдат посветеноста кој евроинтегративните процеси. Сите партии треба да работат во полза на тоа со апсолутна ургентност – додаде тој.

Питела изрази поддршка за сестринската партија СДСМ и ја поддржа програмата на опозицијата. Тој изјави дека програмата е во насока да и ја врати на Македонија еднаквоста, правдата, солидарноста и владеењето на законите.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ