(ВИДЕО) Писмо до Хан: Одложување на изборите бараат 70 граѓански организации

Од:

Не се исполнети клучните услови, ниту пак постои поволна атмосфера за одржување фер, слободни и демократски парламентарни избори, кои ќе ја вратат довербата на граѓаните дека во Македонија е возможно слободно да се одлучува и дека граѓанската одлука ќе биде испочитувана од институциите и од сите политички партии е ставот на над 70 граѓански организации.

– Потсетуваме дека целосното спроведување на Договорот од Пржино треба да означи крај на најдлабоката политичка криза во државата од 2001 година наваму и да резултира со одржување фер, слободни и демократски избори. Ние граѓанските организации бараме од ЕУ, САД и другите домашни и странски фактори вклучени во решавањето на кризата да ги уважат нашите аргументи и да ги одложат предвремените парламентарни избори се додека не бидат исполнети точките од договорот во Пржино и од итните реформски приоритети кои се однесуваат на изборите. Нашата единствена цел е овозможување фер и вистинска атмосфера во која што ќе веруваат граѓаните и ќе ја препознаат како можност за артикулација на својата волја за политички избор.

Апелираме до сите политички партии вклучени во преговарачкиот процес да се однесуваат одговорно и демократски и итно да ги спроведат договорените решенија и да постигнат договор за се што не е договорено а е од суштинско значење за фер и демократски избор. Бараме од сите надлежни институции – МВР, Јавно обвинителство, Специјалното обвинителство и надлежните судови итно да постапат по сите индиции или допрен глас, за елементи на говор на омраза, поттикнување на нетрпеливост кон поедини групи и поединци, рече Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на Фондација Отворено општество Македонија.

Таа истакна дека граѓанските организации остануваат комплетно посветени на активна и конструктивна улога во решавањето на длабоката политилчка и оптествена криза.

– Ќе останеме фактор кој активно ќе учествува во креирањето на јавните политики и на демонстрирањето на граѓанска свест за политичко ангажирање на граѓаните во граѓански интерес, што беше нотирано од ЕУ. Граѓанските организации не беа играчи на масата во договорот од Пржино, од името на нашата организација ние во тој момент го гледавме како единствен излез кој може да овозможи мирнодобска Македонија, додаде Каранфилова Пановска.

Претставниците на повеќе од 70 граѓански организации, Фани Каранфилова Пановска, извршна директорка на ФООМ, Бојан Маричиќ од МЦЕО и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, откако ги кажаа клучните барања, пред утрешното доаѓање на еврокомесарот Јоханес Хан, влегоа во седиштето на Европската комисија во Скопје и го предадоа заедничкото писмо на граѓанските организации.

А.Б.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски