(ВИДЕО) Пировска: Додека тие градеа споменици кај мене доаѓаа луѓе што не можат да ги прехранат сопствените деца

Од:

Граѓаните кои ми доаѓаат се веспомошни затоа што знаат дека институциите не им служат на нив, туку им служат на партиите, рече Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншки комитет – Македонија, денеска во антивладиниот камп кој таа го нарече камп на слободата.

Пировска заедно со уште неколку граѓани им се обрати на камперите во рамки на граѓанскисот пленум кој се одржува секој ден на тема “Зогум Никола”.

– Немав дилеми кога протестирав поради убиството на Мартин Нешковски, кога протестирав поради апсењето на Кежаровски, кога протестирав заедно со паркобраните и кога умре малата Тамара, затоа што протестирав поради бескрупулозноста на институциите. Тие жртви ги отсликуваат симптомите на овој режим – рече таа.

Додека властите градеа споменици, посочи, кај мене доаѓаа луѓе кои не можат да си ги прехранат сопствените деца.

– Тие ја добија владата за да му служат на народот, а им служат само на сопствените цели. Никола Груевски и неговата свита ќе треба да одговараат кривично за делата што ги сторија, за се она за што сега имаме докази. Ќе останам доследна на овие барања. Ова што ни се случува е продукт на неказнивоста која стана феномен во нашето општество. За да се врати демократијата политичарите мора да сфатат дека треба да му служат на народот и дека како сите граѓани во оваа земја треба кривично да одговараат за своите дела – порача Пировска.

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер