(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата. Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?

Вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски. Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци. Правда ќе има, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Куќниот притвор на Груби прв резултат на обвинителството раководено од кадри на ДПМНЕ

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети