(ВИДЕО) Петрушевски: Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити

Од:

Двас отсто доверба од народот и Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити, кој дозволи бегство, помилува поранешен функционер на ДУИ и ги ослободи насилниците од скопскиот аеродром. Дали некој во правосудството има дилема зошто народот има 2% доверба? Колкава треба да биде довербата кога институцијата која треба да ја гарантира независноста на судството се става во заштита на ДУИ и СДС, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Судскиот совет со денови го толерира Пајазит Пајазити, кој не само што овозможи да избега Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп, наместо да досуди затвор. Тоа е рамно на амнестија. Истиот Пајазити ги ослободи и насилниците од скопскиот аеродром и во целост е усогласен со политиките на ДУИ и СДС, наместо да суди по закон. Пајазити одамна требаше да биде разрешен, ако Судскиот совет не беше под 100% влијание на ДУИ и СДС.

Член на истиот тој судски совет до не одамна беше и сега осудениот Наќе Георгиев, кој беше фатен во поткуп, кој го зел за да влијае друг судија да досуди помала казна за Боро Марлборо. А асистенција му вршел Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И како сега народот да му верува на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кога тие што седат во него живи се фаќаат како земаат поткуп со цел да влијаат во постапки? И наместо да преземат чекори кон подобрување. Имаме еден долг и непрекинат молк. Уште еднаш повторуваме. Реформи во судството мора да има. А пред тоа институциите да си ја завршат работат и да почнат со санкционирање на Пајазит Пајазити, да го спасат оној рејтинг од 2%, ако не се стопил – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица