(ВИДЕО) Петрушевски: СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат

Од:

СДС за градоначалници кандидира од добро познати кадри до непознати ликови кои се нафатиле да изгубат. За кандидат за градоначалник за Јегуновце СДС го кандидира Дарко Блажевски, поранешен градоначалник, кој граѓаните не го паметат по ниту еден проект, но го паметат по тоа дека беше успешен бизнисмен од позиција на избрана функција, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено Блажевски можеби не го реализира ветувањето да направи нов културен дом, но затоа успеа да го купи стариот за себе. Блажевски како градоначалник не направи ниту водовод во Жилче, ниту канализација во Јанчиште. Блажевски беше дотолку неспособен што затвори и јавно претпријатие. Доколку работеше ЈО и правосудните инстанци, Блажевски очигледно требаше да биде на суд, наместо во изборна трка. Од друга страна во општина Сопиште, СДС кандидира целосно непозната личност. СДС за Сопиште го кандидира извесен Ѕвонко Васев, кој децении не живее во општината. Очигледно во СДС им било полесно да убедат некого да се кандидира за градоначалник на Сопиште, кој нема да треба да се врати по поразот во првиот круг и да живее во општината, затоа што поразот ќе му биде катастрофален, со 5 :1. Кога ги гледаме кандидатите за градоначалници на СДС ни станува јасно во колку тешка позиција се и дека очигледно и самите сфаќаат дека бројот на општини кои можеби можат да ги добијат ќе се движи меѓу 1 и 2, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски