(ВИДЕО) Петрушевски: СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне

Од:

СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне. Со години Артан Груби ја краде државата. СДС знае и молчи. Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни. СДС и Филипче треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби. Да не беше СДС и нивната болна желба за власт по секоја цена, буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите другари. Затоа СДС и Филипче треба да им се извинат на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ без компромисно влезе во битка со криминалците и одговорност ќе има за сите – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор на ЕСМ Снабдување со топлина

(ВИДЕО) Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

(ВИДЕО) Петрушевски: Два милиони евра од Лотарија исчезнаа, СДС и ДУИ се под сомнение

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори