(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го постави Трендафилов на чело на ССМ, молчеше додека беа власт, а сега глуми синдикалец

Од:

СДС го постави Слободан Трендафилов на чело на ССМ. Тој молчеше додека на власт беа СДС, а сега глуми синдикалец. Слободан Трендафилов е избран за претседател на ССМ на еден крајно насилен начин, со изигрување на прописите. Трендафилов не можел да биде лидер на ССМ, бидејќи претходно не бил претседател на грански синдикат, туку секретар, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Нелегалното поставување на Трендафилов на чело на ССМ беше дозволено од власта на СДС, целиот државен систем го одмолче незаконието, се со цел на чело на овој синдикат да дојде послушник кој ќе биде мирен додека на власт е СДС, а ќе глуми синдикалец додека тие се опозиција.

Сега Трендафилов е во целост усогласен со СДС. Но како беше? Слободан Трендафилов како синдикалец одмолче кога Талат Џафери пцуеше вработени во собранието, не реагираше на сексуалните напади врз припаднички на армијата од страна на старешини, премолче систематско деградирање на работникот во време на СДС, за сега наеднаш како на тастер да се буди од зимски сон. Слободан Трендафилов нема автентично делување, тој го пресликува СДС. Народот го прочита Трендафилов, затоа што со ВМРО-ДПМНЕ платите растат и во образованието и во здравството, а со растот на економијата континуирано растат и во стопанството, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра, покажува анкета на ССМ

СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ