Откако граѓаните, беа сведоци на отворање на тунел, со играње ора и жива музика, еве сега имаме втор дел, организирање на свеченост за пристигнување на обрасци за пасоши. Верувале или не, дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев, завчера на граничниот премин Богородица, ги пречека обрасците за пасоши свечено, со салутирање кон обрасците, а фалеше уште и огномет, за сликата да биде целосна. Народот со право се чуди деновиве, на глупостите на власта, кои сигурно, во овие преостанати неколку месеци, нема да им бидат ни последни, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Место пратениците на СДС и ДУИ, да соберат сили и да им излезат во пресрет на граѓаните, да им помогнат со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се одлучија за една „генијална” идеја, свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести. Во исто време граѓаните чекаат решение, кое може да се примени веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор. Делеа пасоши свесно две и пол години, иако знаеа дека важноста ќе помине, пред истекот на датумот впишан на самите исправи.
Народот доста трпеше и доста беше омаловажуван од власта, сега е време да им се помогне на граѓаните. Потребни се само 15 чесни пратеници од власта, кои ќе му помогнат на својот народ и ќе ги спасат од оваа неправда, заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, да го изгласаат законот, за продолжување на важноста на пасошите. Во спротивно тие сите, треба да се откажат од своите дипломатски пасоши, со кои патуваат непречено, кога и каде да посакаат – рече Петрушевски.
На денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски при одговор на прашање за тоа дали доведен ли е цензусот за претседател во прашање со условите на албанскиот блок и евентуален повик за бојкот, тој истакна дека таквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира граѓаните да кажат доста е.
„Ние веруваме дека ваквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани да кажат доста е на наредните избори и дека оваа држава не е заложник на ДУИ, како ДУИ се однесува претходните 20 години кон државава“, рече Петрушевски.