(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

Од:

СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот. Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува. Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Толку многу ли знае Груби што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат? Дали паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви? Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени? За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата, изјави Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

(ВИДЕО) Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Горан Наумовски