(ВИДЕО) Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор за набавка на уред за три милиони евра поскапо од предвиденото

Од:

СДС и ДУИ ги злоупотребувале енергетските претпријатија за да испумпаат милиони евра народни пари на сметки на фирми блиски до нив. Денес ќе презентираме фрапантни докази за милионски криминал во МЕПСО, за кој очекува ЈО да отвори случај, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– МЕПСО под водство на Зуди Енуз, од фронтот на ДУИ, а поставен од СДС, на 26.06.2024 година склучил договор со албанската фирма Шанси Инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на 400kV во трансформаторска станица Дуброво во висина од 576 милиони денари, односно близу 10 милиони евра. Буџетот за уредот за корекција во Планот за развој на електропреносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година изнесува 2.8 милиони евра, истиот уред во договорот склучен со Албанската Шанси Инвест изнесува 5.864 милиони евра. Тоа се цели 3 милиони евра повеќе од предвиденото. Дополнителнк загрижува фактот што Албанската Шанси Инвест на овој тендер учествува со Далековод АД Загреб, фирма за производство на таквиот вид на опрема, која се јавува како поголем партнер во конзорциумот. Имено се поставува прашањето, која е улогата на Албанската фирма кога опремата доаѓа и е произведена и може да биде монтирана од фирмата производител? Дали Албанската Шанси инвест е тампон фирма за вадење на профитот од над 3 милиони евра повеќе од планираното? Каде завршиле 3 милиони евра разлика? Го повикуваме ЈО веднаш да отвори случај и да реагира – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“