(ВИДЕО) Петрушевски: Македонија мора да функционира како правна држава

Од:

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судство да е растоварено од политички влијанија. Функционирањето на Кацарска и Трпков судството во сојузништво со партиските послушници на СДС и ДУИ обвинителите, Коцевски и Рускоска е поразително за Македонија, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кацарска, Трпков, Коцевски, Рускоска и останатите кои не постапувале по предметите, ги одолговлекувале постапките, или неоправдано се откажувале од кривично гонење се одговорни за лошата слика на судскиот систем. Извештајот на Транспаренси каде Македонија има пад од 12 места на светскиот индекс на корупција потврдува дека токму ваквото правосудство е најслабиот столб во општеството. Кацарска, Трпков, Коцевски, и Рускоска се директно одговорни за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Тие се одговорни за распространетоста на корупцијата во пандемски размери, за раст на криминалот и недовербата на граѓаните во судскиот систем која е само 2 проценти. Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, “заборавените“ предмети, и не постапување по наводите за криминал на Кацарска судството се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас. Кацарска и Трпков пак се синоним за контрола на судството под диригентската палка на СДС. Тие си играа со судбините на луѓето од случајот за 27 април. Мора да постои одговорност. Се става крај на лицата во правосудството кои работат под политички диктат. Владеење на правото како институт е неопходно и треба да заживее во Македонија, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците