(ВИДЕО) Петрушевски: Љупчо Дон Николовски овозможил незаконска исплата од 485.000 евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Заев и Филипче

Од:

Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност. Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ. Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче. Семејството Лазарови се најблиски пријатели со Зоран Заев и Венко Филипче. Главни стожери на СДС. Тоа било доволна причина за Љупчо Дон Николовски да испумпува милиони на сметката на Арекспорт без никаков основ, но да почнеме со ред.

Фирмата Арекспорт склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад. Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец. Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс.

Фирмата на семејството газди на НИКОБ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат. 485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на НИКОБ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред.

Арескпорт не платиле закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година. Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции. Презентиравме два основа според кои Љупчо Дон Николовски имал право и обврска да го раскине договорот, и тоа не го направил. Зошто Дон Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал? Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара. Утре ќе презентираме нови докази, за тоа дека Дон Николовски можел да го раскине договорот со фирмата на семејството газди на НИКОБ и тоа не го сторил, а овозможил исплата на субвенции и го оштетил буџетот – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Пудлицата и насилникот на Венко Филипче, Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор за набавка на уред за три милиони евра поскапо од предвиденото