(ВИДЕО) Петрушевски: Ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор на ЕСМ Снабдување со топлина

Од:

ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

– Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ. Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.

Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб. Каде завршиле овие 2 милиони евра, дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Јавноста заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции. ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има, кажа Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

(ВИДЕО) Петрушевски: Два милиони евра од Лотарија исчезнаа, СДС и ДУИ се под сомнение

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ