(ВИДЕО) Петрушевски: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?

Од:

Кадрите на СДС и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во криминал тежок неколку милиони евра. СДС и ДУИ се однесуваа кон институциите како да се нивна приватна фирма. Тендер вреден 8 милиони евра завршил во фирма договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДС, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Откако го договориле тендерот, потоа директорот заедно со уште 32 лица, испрале 2 милиони евра, пари на граѓаните. Дека во ЕСМ снабдување со топлина се правело што сакале СДС и ДУИ, ја потсетуваме јавноста дека во Надзорниот Одбор беше и ќерката на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. СДС и ДУИ да не молчат, туку да одговорат каде завршиле овие испрани 2 милиони евра? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Дали парите завршиле на Мала Речица или Бихачка? И зошто и СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од случајот? Јавноста заслужува одговори, а ЈО да си ја врши работата независно и одговорно, кажа Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, денес никој не е над законот

Зоран Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Зошто СДС се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

(ВИДЕО) Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

(ВИДЕО) Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски