(ВИДЕО) Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче

Од:

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние ги поседуваме истите ги поседува и ЈО, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Провизии кои чинат животи е афера која до срж го открива Венко Филипче и неговата вина за пожарот во Модуларната болница. Деновиве презентиравме неколку сознанија и тоа: Венко Филипче дозволил изградба на модуларни болници без огноотпорни материјали. Венко Филипче лично ја правел спецификацијата за изградба на Модуларната болница во Тетово, која надвор од закон и правила ја доставил до одговорната за набавката, а за ова постои и сведоштво од одговорното лице. Директорот на Болницата во Тетово одбивал да ја прими Модуларната болница и да се пушти во работа истата. Венко Филипче ден по несреќата кога цела Македонија тагувала, побрзал да го анексира договорот за градба со цел да се отстранат аномалиите кои сам ги дозволил. Анексот кој експресно го спремил е зголемување за 20% на цената на чинење на проектот. Сомнително е како Филипче ден по несреќата наместо да мисли за одговорност мислел како да извлече 20% повеќе. Вработени во Министерството за здравство по заминувањето на Венко Филипче одбивале да ги потпишат документите за штетните договори и анекси. Го повикуваме ЈО, да не се осмелува да го штити Венко Филипче и да отвори истрага за него. Аферата „Провизии кои чинат животи” не смее да остане заташкана.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

Петрушевски: СДСМ не знае што сака, еднаш вели добро е линеарно покачување, другпат пензиите треба да се покачуваат процентуално

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

Петрушевски до Битиќи: Меѓуетничкиот соживот се гради со дела, а не со националистички и шовинистички говори

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“