(ВИДЕО) Петрушевски: Бајрами од СДС и ДУИ во кафеана за два часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец

Од:

Наим Бајрами, министер во МИОА од СДС и ДУИ немилосрдно ги трошел народните пари на скапи кафеани, за јадење и пиење. Како што рековме вчера, денес објавуваме детали. Имено во само еден ден на 27.3.2024 година Наим Бајрами во ресторан Капри во Скопје потрошил 48.500 денари. На сметката од 48.500 денари Бајрами покрај на други јадења потрошил над 10 илјади денари за пршута, изјави Бране Петрушевски пратеник во Собранието.

– Кого се гоштевал Бајрами и како се трошени народните пари, кога за еден ручек се трошени по 2 минимални плати. Бајрами во кафеана за 2 часа трошел пари колку што на едно просечно семејство му се потребни за да го помине цел месец. Аздисаното трошење на СДС и ДУИ и нивните министри како Наим Бајрами резултираше со ограбена држава. Власта на СДС и ДУИ крадела на се, почнувајќи од скапи ручеци и илјадници евра од службени картици, завршувајќи со матни тендери. За ограбената држава одговорност ќе има. Утре продолжуваме со нови детали за случајот со Наим Бајрами – кажа Петрушевски .

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?