(ВИДЕО) Петрушевска: Со новиот статут жените добиваат заштита и се обезбедува рамномерна застапеност

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ врти нов лист, новиот Статут на партијата ја гарантира родовата еднаквост помеѓу жените и мажите. Жените добиваат заштита во Статутот, кој ќе ја гарантира правичната застапеност.

Според чл. 16 од новиот Статут , кој вели – „ВМРО-ДПМНЕ води сметка за родовата димензија и обезбедува рамномерна застапеност на жените и мажите во органите и телата на партијата.“

Жените повеќе нема да имаат потреба да се борат за квоти во партијата и политиката. ВМРО-ДПМНЕ со новиот Статут воведува нови стандарди, со кои партијата е таа која се грижи за нив и води сметка за родовата еднаквост по сила на Статут“, рече Марија Петрушевска, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петровец.

„Им честитам на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, како и на сите жени во партијата, овој Статут е плод на нашата долгогодишна посветеност и труд, со кои и го загарантиравме местото на жената во партијата и политиката.

Статутот ја промовира еднаквоста и е одраз на најголемите европски и демократски вредности.

Ова решение е комбинирано и е резултат на студиозен пристап на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на жени на партијата во проучување на Статутите на партиите на модерните европски земји, како Германија, Австрија, Франција и други.

Дополнително во таа насока се гарантира и се води сметка и посебна грижа за застапеноста на младите во органите и телата на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ го доби најмодерниот Статут на Балканот. Поставуваме нови стандарди и на дело ги покажуваме нашите изворни вредности“, изјави Марија Петрушевска, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Петровец.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ