(ВИДЕО) Петровска: Данела Арсовска е странска инсталација – Скопје нема да го води унгарски конзул со бугарско државјанство

Од:

„На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска. Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Во „Удостоверение“ од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство.

Или како што изворно пишува:

„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска“

Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате?

За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија“, рече Петровска.

„Ова е класично потценување и навреда на скопјани.

Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот?

Даниела Арсовска, со бугарско државјанство и почесен конзул на Унгарија не проаѓа во Скопје.

Странски инсталации кои работат директно против интересите на граѓаните нема да поминат. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?

Во недела, на 31 октомври да се обеидниме, масовно да излеземе на изборите и да не дозволиме туѓи интереси да ни одработуваат среде главниот град, среде Скопје“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска