(ВИДЕО) Петров: Сите постари објекти во Карпош ќе добијат нов лик

Од:

Андреј Петров, кандидатот за градоначалник на Карпош од „Сојузот за иднината“, прес конференцијата ја одржа пред првиот објект, првата станбена кула во општина Карпош која доби нова фасада. Прв тоа го направил Петров во претходниот мандат.

Најави дека ова што претходно го започнал ќе го продолжи и во новиот мандат, сите постари објекти во општината ќе добијат нов лик.

„Покрај промена на фасадите, јас започнав и друга важна акција, важна по здравјето на граѓаните, а со тоа од најголем приоритет за мене, станува збор за промена на азбесните кровови. И оваа акција ја започнав во претходниот мандат,ќе ја довршам во периодот што претстои (Градинките во Козле и Влае имаат сеуште азбестни кровови).Кога станува збор за реконструкции на делови од постарите објекти, ќе споменам дека дел од мојата програма опфаќа и реконструкција и санација на подземните гаражи на колективните станбени згради.

– Голем број жители се жалат на состојбата на овие заеднички делови и практично неможноста за користење на истите од практични и безбедносни причини. Во тој контекст ќе направиме се за да создадеме квалитетен простор за намената која е предвиден. Ќе ги осветлиме гаражите, хигиената ќе ја подигнеме на високо ниво и ќе задолжиме луѓе за нejзино редовно одржување, за подобрување на сигурноста ќе поставиме автоматски врати“, рече Петров.

Петров се огради ги осуди сите пароли и погрдни графити кои се испишани за противкандидатите.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно