(ВИДЕО) Петров: Да не заборивме каде може да нè одведат омразата и предрасудите

Од:

„На Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаусот се сеќаваме на сите мажи, жени и деца кои беа злоупотребени, измачувани или убиени за време на Холокаусот.

Се сеќаваме на 7148-те Евреи од Северна Македонија кои на 11 март 1943 година бea депортирани во концентрациониот логор во Треблинка.

Се сеќаваме на шесте милиони Евреи, Словени, Роми, хомосексуалци, луѓе со инвалидитети, верски лидери и многу други луѓе кои храбро се спротивставиja на Нацистичкиот режим“, рече потпретседателот на СДСМ, Коста Петров за Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

„На овој ден, исто така, се сеќаваме на храброста на сите оние кои ги штитеа нивните еврејски заедници, илјадниците кои ги ризикуваа нивните животи за другите да имаат вистинска шанса за живот.

Се сеќаваме на лицата кои ги преживеаја камповите на смртта и на нивната храброст и волја за живот.

Да не дозволиме да се заборави каде може да нè одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат“, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров за Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија

Горан Наумовски

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80 отсто од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Формирана „Коалиција за европска иднина“

Предраг Петровиќ

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

Горан Наумовски

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје