(ВИДЕО) Петрески: Ѓорѓиевски да ги пренамени 100.000 евра за граѓаните наместо за партиски послушници

Од:

„Градоначалникот на општина Кисела Вода годинава ќе потроши 100.000 евра на авторски договори на свои блиски луѓе, на партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ. Во време на криза, кога општината вели дека нема пари да плаќа струја и парно, градоначалникот ќе потроши огромни средства за вдомување на свои блиски луѓе“, рече Бојан Петрески од СДСМ.

„100.000 евра за општинскиот буџет се сериозна сумa со која може да им се помогне на граѓаните, можат да се реализираат неколку важни проекти за општината.

Наместо да наградува роднини, сопартијци и пријатели, Ѓорѓиевски овие пари да ги пренамени за помош на граѓаните.

Граѓаните, општината не заслужуваат вакво недомаќинско и расипничко трошење на парите од страна на градоначалникот.

Очигледно ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, и денес тоа е истата режимска партија која 11 години криминално владееше а ништо не работеше“, изјави Бојан Петрески од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода