„Денешната средба на Никола Груевски со група пензионери од Прилеп, ја оценуваме како обична предизборна пропаганда и манипулација.
Пензионерите денес живеат посиромашно од кога и да било.
Просечната пензија во Република Македонија, едвај ги покрива трошоците за живот.
Огромното поскапувања на храната, струјата, лековите, што ги наметна власта на ВМРО-ДПМНЕ во последниве години, целосно ги осиромаши пензионерите.
Сметаме дека ветувањата на Груевски за подобар живот на пензионерите, не се реални!
Затоа, Партијата на пензионери и обединети граѓани, како дел од коалицијата предводена од СДСМ, дава целосна поддршка на мерките од програмата „План за живот во Македонија“
Ја поздравуваме мерката – државна социјална пензија!
Новата Влада предводена од СДСМ ќе обезбеди државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на во Република Македонија, а не ги остварува условите за старосна пензија.
Државната социјална пензија, на почетокот, ќе биде во висина од 40% од просечната старосна пензија.
Новата Влада, ќе ги зголемува пензиите два пати годишно, согласно порастот на платите и трошоците за живот.
На крајот на секоја година Владата ќе носи одлука за вонредно зголемување на пензиите.
Ќе се воведе можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија.
За пензионерите со ниски примања, кои немаат свој имот и немаат поддршка од семејството, државата ќе даде финансиска поддршка за да бидат сместени во старски дом.
Пензионерите денес едвај се издржуваат себе си, а мора да ги издржуваат и младите.
Таквата слика мора да се промени. Мора да има достоинствени пензии за старите и работни места за младите.
Затоа ги повикуваме сите граѓани да гласаат за бројот 4.
За живот на сите во Македонија“, изјави Петре Ангелески – Претседател на партија на обединети пензионери и граѓани на Република Македонија.