(ВИДЕО) Петковски: Пресудата на судот е срамна и го покажува притисокот на власта

Од:

Лидерот на НСДП Тито Петковски ќе ја обжали одлуката на судот, со која треба да му плати на премиерот Груевски 650.000 денари за нанесена душевна болка. За ваквата донесена одлука на судот, тој ќе ги информира Републичкиот судски совет, ОБСЕ, како и сите познавачи кои се упатени во правната легислатива.

Петковски изјави дека ја слушнал пресудата, но се уште не ја добил во писмена форма. Притоа, тој не сака да ја коментира експедитивноста на судот за ваквата одлука, туку тоа го остава на македонската јавност.



– Пресудата е донесена за само 15 дена. На 2. Јули се случи подготвителното рочиште, 11 дена подоцна се одржа главниот претрес, додека во текот на вчерашниот ден беше донесена пресудата. Со ваков суд, треба преку ред да не примат во Европската Унија. Само за споредба, истиот суд по сличен предмет, во кој ГЕМ го тужи Антонио Милошоски, судот веќе две години не може да го најде и да го доведе во суд – изјави Петковски.

Петковски пред новинарите го презентира текстот од 27 февруари 2011-та година, изваден од владината архива, во кој премиерот Груевски потврдил дека: „Пред Букурешт одлучивме да го прифатиме предлогот на Нимиц и да го ставиме на референдум“.

– Пред Букурешт, тука во Скопје, ни беше понудена опција од Нимиц, односно конкретен предлог беше името Република Македонија (Скопје). Ни беше кажано дека тоа е последен предлот и дека треба да се изјасниме. Ние одлучивме да се изјасниме, да го прифатиме, да го ставиме на референдум. Ние одговоривме дека немаме мандат, ниту јас како премиер, ниту Владата има мандат пред граѓаните самата да донесе одлука дали тоа треба или не треба. Одлучивме да го прифатиме тој предлог, кој може да се стави на референдум, за граѓаните да оценат дали тоа е добар предлог или не – изјавил Груевски во 2011-та година.

vmrogruevski-print

Петковски во своја одбрана го спомна и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Според член 7 од Законот, не се поднесува одговорност за навреда, доколку е пренесено мислење содржано во службен документ на Собранието, Владата или другите државни органи.

Додека според членот 9 од истиот Закон, тужениот кој ќе ја докаже вистинистоста на своето тврдење или ќе докаже дека имал основна причина да поверува во неговото тврдење, нема да одговара за клевета. Воедно, товарот на докажување паѓа врз тужителот, кој како носител на јавна функција има законска должност да даде објаснување за конкретни факти, кои се поврзани со вршењетп на неговата функција.

– Беше одлучувачки аргументот на сила, а не правните аргументи. Нормално дека ќе изгубам – изјави Петковски.

Понатаму,тој говореше и за писмото на Милошоски, кое претставува одговор на писмото на министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас, во кое пишува дека „во текот на овие преговори, Република Македонија прифати извесен број на предлози ставени (предложени) од господинот Нимиц како основа за решение, вклучувајќи го и предлогот од март 2008 година Република Македонија (Скопје), кој Република Грција за жал го отфрли“.

– За сведоци во судскиот процес беа предложени Бранко Црвенковски, како претседател на Македонија во 2008 година, Лазе Еленовски како тогашен министер за одбрана и Антонио Милошовски, кој е потписник на писмото до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.Исто така, во улога на сведок беше предложен и Џорџ Буш Јуниор, но сите заедно предложени сведоци, судот ги одби – изјави Петковски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски