(ВИДЕО) Петковски: Никаде не пишуваше дека Собранието издовило 10 милиони евра за опрема за прислушување, образложија дека се за потребите на УБК

Од:

На првата седница на комисијата, побаравме да се даде поширока информација за начинот на кој што беше апсен Љубе Бошкоски како лидер на една политичка партија од опозициските партии која излезе на избори. Министерката за внатрешни работи веднаш ни одговори дека може да отидеме на кафе, дека сме добредојдени, но дека апсењето на Бошкоски е законски извршено, вели во интервјуто за А1он претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Според него, Комисијата за надзор над следењето на комуникацијата е формирана за да нема надзор. Власта максимално го злоупотреби тоа, кога појдовме во МВР не ни беше дозволено да влеземе, вели Петковски.

Опремата за прислушување е набавена кога сте биле претседател на комисијата за надзор над работата на УБК. Имаше ли потреба од нова опрема за прислушување?

– Опремата за која што станува збор сега е набавена 2008 година кога практично во Собранието издовени се 10 милиони евра за потребите на УБК, но никаде не стои за набавка за опрема за прислушување. Побарав Јанкуловска да образложи, добив одговор дека тоа може да биде само на затворена седница бидејќи се класифицирани информации, ама немаше дво третинско гласање за затворена седница и тоа не се случи.

Се сомневавте ли дека прислушуваат неовластено кога не ви ги дадоа документите за апсењето на Љубе Бошкоски?

– Не треба човек да биде многу мудар, гледајте ги кривичната пријава и пресудата за Бошкоски, ќе видите дека тука наредба за ПИМ мерки не постоела, незаконски го следеле. Во образложението стои дека се следени комуниакциите на Љубе и дека има тонски записи на разговорите кои тој ги правел со заштитениот сведок, еден од неговите најбилски пријатели.

Според него Живко Пејковски не е виновен што Љубе е во затвор, тој според него е смртник во моќта на Груевски. Петковски вели дека со објавување на вистината, Бошкоски станал непријател број еден и морале да го притворат.

Промени ли нешто тоа што моравте да се најавувате пред да вршите увид во институциите?

Ништо непромени, тие знаеа дека прават криминал не смееа да дозволат да знае опозицијата. Дури и кога имаат мнозинство во Собранието недозволија да функционира анкетната комисија, бараа и дискредитација на комисијата, вели Петковски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ